Заев ја поздрави одлуката на ДИК-овци за враќање на бонусите и за оставките

by fokus

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на членовите на ДИК да ги вратат парите од бонусите, заради критиките на јавноста, како и оставките на дел од нив оценувајќи ги како морален чин.

– Се работи за исклучителни професионалци кои имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката што ја донесоа знам дека е законска, но веројатно е неетичка и неморална. Јас го поздравувам чинот што го поднесоа сите, а тоа е враќање на парите назад во Буџетот, а истовремено поднесоа и лична одговорност како морален чекор, веројатно заради критиките на јавноста – рече Заев.

Тој додаде дека истовремено тие испратиле и сериозна порака на морално и етичко однесување што уследи по реакциите на јавноста, заради, вели, нетранспарентноста на одлуката која ја донесоа и заради тоа што претходно не ја информираа јавноста за намерата да го искористат  членот 19 што им овозможува дополнителни надоместоци.

Поврзани новости