Заев ја консултира базата за вонинституционално делување на СДСМ

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги започна внатрепартиските консултации околу изготвување на стратегијата за идно дејствување на партијата како вонинституционална опозиција. Од најголемата опозициска партија соопштија дека Заев синоќа во Велес иницирал дебата околу концептот за креирање систем и воспоставување опозициски институции. Тој пред велешани говорел за 5-те клучни барања на социјалдемократите за надминување на политичката криза: формирање техничка влада, одвојување на партијата од државата, регулацијата на медиумите и правична застапеност на опозицијата на МРТВ и останатите медиуми, јасно презицирање на избирачкиот список и изборното законодавство, како и спроведување попис.

Поврзани новости