Заев: Извештајот на УНЕСКО за Охрид е аларм

by fokus

Извештајот на УНЕСКО за Охридскиот Регион треба да се прими како силен аларм за состојбата, рече премиерот Зоран Заев денеска на седницата за пратенички прашња. Заев рече дека не може да се очекува да дојде УНЕСКО и да ни води грижа за целиот Охридски Регион, туку, според него, тоа е обврска на институциите.

-Ќе продолжиме понатаму со сите активности како што се отстранување на бесправно изградени објекти, средување на природниот тек и аспект на поставување на плажите околу Охридското Езеро, ќе продолжиме со доизградба на Колекторскиот систем, прочистителните станици кои во минатото се уништени и сето она што значи нормален развој согласно планот за управување со Охридското Езеро и Охридскиот Регион – порача Заев.

Без разлика каква ќе биде одлуката на УНЕСКО во јули и дали Охридскиот Регион ќе се најде на листата на светски наследства во опасност, премиерот смета дека извештајот треба да се прифати како реалност.

Поврзани новости