Заев изрази сочувство до семејството Саздовски: Апелирам да се воздржиме од омраза и нетрпеливост

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел за воздржување од говор на омраза и разгорување нетрпеливост по смртта на дваесет и едногодишниот Никола Саздовски, кој на 29 минатиот месец физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје.

– Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост.  Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните, наведе Заев на својот фејсбук профил.

Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме, порачува Заев, изразувајќи сочувство до семејството на младиот Саздовски. 

Саздовски им подлегна на повредите од нападот вчера изутрина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.

Поврзани новости