Заев изрази сочувство до граѓаните на Русија

by Фокус

По падот на рускиот авион, лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, денеска изрази сочувство до рускиот народ и се потпиша во книгата на жалост во амбасадата на Русија во Скопје, која беше отворена по трагичната несреќа.

-До семејствата на загинатите во авионската несреќа, до пријателскиот народ во Русија, во име на граѓаните на Македонија изразувам искрено и длабоко сочувство, напиша меѓудругото претсдателот на СДСМ, Зоран Заев.

Рускиот „Ербас“ се урна викендов на Синајскиот полуостров. Загинаа сите 224 патници, меѓу кои имаше и 25 деца. Книгата на жалост во руската амбасада ќе биде отворена денеска и утре, од 11.00 до 17.00 часот.

Поврзани новости