Заев: Изборите можат да бидат на 8 јули, би се продолжило гласањето до 21 часот

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција говореше за одржувањето на изборите, за кои е најавено дека ќе се одржат на почетокот на наредниот месец.

„Постои решение за сите работи. Постои можност среда, 8-ми јули да бидат изборите, затоа што е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот. Тогаш би ги платиле дупло членовите на избирачки одбори. Ако биде така, тогаш од недела по полноќ би почнал изборниот молк. За вакви работи се решава со консензус. Доколку не, тогаш останува недела да биде изборниот ден“, истакна Заев.

Поврзани новости