Заев: Избори може да има во октомври

by Fokus

Договорот од Пржино може да се реафирмира и до октомври може да се подготват услови за фер и демократски избори, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за агенцијата „Бета“, што го пренесе српскиот јавен сервис РТС.

Заев рекол дека опозицијата предводена од неговата партија ќе победи на изборите.

– Анкетите покажуваат дека опозицијата води во Македонија, ние сме прворангирана партија, но секако треба да имате предвид дека живееме во режим кој ги контролира и граѓаните и им прави огромен притисок и затоа веруваме дека процените во анкетите се многу поголеми во корист на СДСМ – изјавил Заев.

Поврзани новости