Заев: Избори мора да има час поскоро, гласањето ќе биде според безбедносните протоколи

by Фокус

Избори мора да има час поскоро, предизбoрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, порача предмалку лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам. Време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19“, напиша Заев на фејсбук.

Тој посочи дека сите активности на носителите на листи на коалицијата предводена од СДСМ биле организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје.

Поврзани новости