Заев: Иванов кажа дека ако добие писмо од избран спикер, ќе го додели мандатот

by fokus 20:34
20:34

Новиот претседател на парламентот ќе го извести Иванов дека е одбран претседател и ќе го побара мандатот за парламентарното мнозинство, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на Телма.

-Ќе дадеме десет дена. Јас знам дека Иванов верува во легални начини за давање на мандатот. Тој самиот кажа дека доколку прими писмо од избран претседател на Собранието ќе го додели мандатот, рече Заев.

- Advertisements -

Сепак, Заев рече и дека доколку Иванов не го додели мандатот, Македонија ќе добие нова влада.

Поврзани новости