Заев испрати телеграма до Хрватска: Загубата на Оливер Драгојевиќ е голема и заедничка

by fokus

Премиерот, Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до граѓаните на Хрватска по повод смртта на музичката легенда Оливер Драгојевиќ.

„Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот.
Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело.

Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојевиќ“, напиша премиерот Зоран Заев во телеграмата со сочувство упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.

Поврзани новости