Заев: Интензивно се преговара со нови инвеститори

by fokus

Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2020 година, објави премиерот Зоран Заев. Тој на фејсбук напиша дека во ТИРЗ воедно е зголемен бројот на нови работни места. Според него, се очекува трендот да продолжи и во наредните месеци.

„За 7,12 отсто е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании. Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка за компаниите, за државата и за граѓаните“, напиша Заев.

Поврзани новости