Заев: Институционалната разврска на „Рекет“ ќе ја докаже независноста на правосудството

by fokus

Дебатата за Законот за јавно обвинителство и случајот „Рекет“ се силен тест за судството и за успехот на реформите. Институционална разврска на овој предмет ќе ја докаже независноста на правосудниот систем. Тоа е европскиот начин, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција по средбата со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

Тој му се заблагодари на Туск за поддршката за време на целиот негов пет годишен мандат и изрази надеж дека пријателството ќе биде крунисано со датум за почеток на преговори во октомври.

-Нашите очекувања за Советот на ЕУ на 15-ти октомври и Европскиот Совет на 17-ти октомври се усвојување одлука за отворање преговори за пристапување без понатамошни одлжувања. Туск ќе претседава со за нас таа историска седница. Затоа детално го запознавме со сите наши напори изминативе 2,5 години, но и 15 години како држава кандидат за членство во ЕУ – рече Заев.

Поврзани новости