Заев: Имаме граѓани кои се Бугари по определба, а се чувствуваат и Македонци, ние сите ги признаваме

by fokus 20:05
20:05

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека всушност главниот проблем на Бугарија било што ќе биде со два милиони македонски Бугари во Бугарија и нивните чувства.

-Ајде да видиме што е. Зашто викаат ја признаваме сегашноста, јазикот, посебноста. И викаат има проблем со минатато. Што е проблем со минатото? Викаат ние имаме два милиони бугарски Македонци. Што правиме со нивните чувства? Океј, историски, дури и денешно има Бугари што се чувстуваат Македонци, Македонци што се чувствуваат Бугари. Имаме ние граѓани кои се Бугари по опредлба, а се чувствуваат и Македонци.
Тие се обидуваат да ни кажат ние се обидуваме да се заштитиме нашите чувства. Проблемите почнаа со територијална претензија. Ние немаме проблем да испратиме нота и до ЕУ дека немаме територијални претензии, дека Северна Македонија се однесува само на држвата како субјект. И Кирил и Методиј и Наум и Климент се решени на еден старословенски просветителски начин во Комисијата. Ние ги признавме и правата на оние наши граѓани кои се чувствуваат како Бугари. Јас сум бил и на отворањето на Бугарскиот културен клуб во Скопје.
Бугарија има турско население. Кандидатит од турската етничката заедница дури не смеат да се обратат на турски јазик. Велат тука сите се Бугари. Имаат таква политика. Тоа е нивен проблем. Ама тоа е нивна политика, ние не им се мешаме. Тие се членка на ЕУ, вели Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости