Заев: Имаме докази дека освоивме повеќе мандати

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска имаше средба со Роберт Бенџамин, регионален директор на Националниот институт за демократија од САД за Европа и Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија.

На средбата, Заев посочил дека низ институциите на системот ќе се утврди точниот број на добиени мандати, што како што тврди, според официјални докази покажува повеќе мандати за СДСМ.

Според партиското соопштение, заднички било заклучено дека излезноста на граѓаните на изборите во Македонија беше голема и граѓаните дадоа поддршка на концептот што ќе им донесе поквалитетен живот.

-На изборите поддршка од граѓаните доби концептот за заедништво, што отвора шанса за добар живот на сите граѓани на Македонија и вистински перспективи за развој на Македонија. СДСМ цврсто е определена кон фер општество за сите граѓани на Македонија, кои ќе живеат во слободна, економски стабилна, единствена Република Македонија. Мнозинството граѓани во Македонија се изјаснија за овие промени, очекувам сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, да ја почитуваат волјата на граѓаните и да не формираат Влада со Никола Груевски чиешто време заврши, рече претседателот на СДСМ.

Поврзани новости