Заев им вети на бугарските социјалисти дека со мотор ќе се искачи на Бузлуџа

by fokus

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, преку видео-порака се обрати на присутните на собирот на Бугарската социјалистичка партија во Бузлуџа, крај Казанлак, по повод 127 години од основање на партијата.

Тој им вети на бугарските социјалисти дека во следна прилика ќе допатува со својот мотор на Бузлуџа.

„Жалам што не можам да бидам со вас денеска, но верувајте моето срце е со вас. Планирам да дојдам со мојот мотор но во следна прилика. Овој собир секоја година ги потврдува нашите принципи за солидарност и достоинствен живот“, порача Заев.

Според организаторите оваа година на традиционалниот собир под врвот Бузлуџа се собраа над 20.000 социјалисти.

Поврзани новости