Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан

by Fokus

Денеска во Виена се одржува конференција за западен Балкан, на која учествуваат премиерите oд регионот каде главната цел е да се врати регионот високо на агендата на Европската Унија.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги покани премиерите на Западен Балкан на конференција на која, пред се,  разговараа за европската перспектива, но и за борбата против Ковид-19, економската поддршка по кризата и заедничката борба против илегалната миграција.

-Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот. Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

На конференцијата присуствуваат и премиерите на Србија, Црна Гора и Косово, претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак додека од Албанија има претставник на владата.

Поврзани новости