Заев иако не мора, ќе ги исполни сите очекувања на Иванов

by fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека иако не е уставно неопходно, тој ќе ги исполни сите очекувања на претседателот Иванов.

-До крајот на неделава ќе биде одржана собраниска седница за продолжување на конститутивната собраниска седница. Ако не дојде до седница, ќе се бараат само банални изговори. Пораките на комесарот Хан и тројцата европратеници се јасни, зборувавме дека мора да се забрзаат процесите, но тоа не значи дека треба да престанеме да бидеме внимателни, изјави Заев.

Тој додаде дека не постои тиранска платформа, туку постои владина програма што СДСМ ја презентираше.

На прашањето дали доколку поранешниот спикер Трајко Вељаноски не закаже конститутивна седница тие ќе го активираат најстариот пратеник, Заев одговори дека деловничките можности се отворени, но тие сакаат кризата да се решава по пат на дијалог.

Поврзани новости