Заев и Верушевски пристигнаа во СЈО за случајот „Таргет“

by fokus

Премиерот Зоран Заев и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, во присуство на нивниот адвокат Филип Медарски, предмалку пристигнаа во зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Тие во Специјалното јавно обвинителство треба да дадат исказ во врска со случајот „Таргет“, кој се однесува на незаконското следење на кoмуникациите од страна на УБК.

Случајот беше отворен на 18 ноември, која СЈО откри дека вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од УБК во период од 2008 до 2015 година.

Се очекува Заев и Верушевски да дадат изјава откако ќе излезат од зградата.

Поврзани новости