Заев и Шекеринска се сретнаа со вицепремиерот на Германија

by fokus

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска, денеска во Стокхолм имаа средба со вицепремиерот на СР Германија, Олоф Шолц.

На средбата е пренесена силна порака на поддршка од германската Влада за на реформските постигнувања на нашата држава, соопшти владината прес-служба.

Констатирано е дека е важно да продолжи проширувањето на ЕУ, како за Северна Македонија, така за целиот регион, во поглед на стабилноста и натамошниот развој на демократските вредности.

– Работиме на реформите и понатаму, градиме едно општество за сите и на добрососедските односи, ги негуваме европските вредности. Посветени сме на подобар живот за нашите граѓани, економските параметри растат. Нашето место е во Европа, рече премиерот Зоран Заев на средбата со германскиот вицепремиер Олоф Шолц.

Поврзани новости