Заев и Шекеринска на состанок со Филе

by Фокус 10:32
10:32

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и неговата заменичка Радила Шекеринска во четврток ќе престојуваат во Брисел, информираат од партијата.

Предвидено е да се сретнат со претставници од Партијата на европски социјалисти (групацијата на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од Европа) по што ќе се видат и со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

- Advertisements -

„Претседателот Заев и заменик претседателката Шекеринска ќе стават акцент на актуелната политичка ситуација во Македонија, по криминалните избори во Македонија и можните излезни решенија што ги предлага Социјалдемократскиот сојуз“, се вели во соопштението.

Поврзани новости