Заев и Рама од Пустец: Се работи за две европски ориентирани држави, подготвени да ги негуваат малцинските права

by Fokus

Премиерот Зоран Заев, заедно со неговиот колега од Албанија, премиерот Еди Рама денеска беa во посета на општината Пустец.

Заев изрази благодарност до Рама, за грижата што ја покажува за граѓаните во Албанија со македонско етничко потекло.

„Ова е начин да ги отвораме и да ги решаваме прашањата. Присуството на двајцата први луѓе на извршната власт во Македонија и во Албанија, тука во Пустец е голема симболика за унапредувањето на односите меѓу двете земји, бидејки малцинските заедници се мостот на таа соработка, и грижата за нив е од големо значење. Се работи за две држави европски ориентирани, што се подготвени да ги негуваат малцинските права“, додаде премиерот Заев.

Тој беше придружуван од потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за образование и наука, Рената Дескоска и министeрот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми заедно со албанскиот премиер Рама, кој беше придружуван од Дитмир Бушати, министер за Европа и за надворешни работи, Линдита Никола, министерката за образование и Пандели Мајко, министер за дијаспора.

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости