Заев: И претходната влада се трудела да најде решение за името

by fokus 13:02
13:02

Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи ги документите што ги објави „Викиликс“ дека уште во 2008 година било прифатено името „Република Северна Македонија“ изјави дека тоа е уште една причина повеќе да застанеме сите заедно и да и обезбедиме сигурна иднина на државата.

– Верувам дека ваквите докази кои излегуваат во јавноста ќе бидат уште една причина да застанеме заедно сите и да и обезбедиме и  осигураме добра иднина на Македонија, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договори за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.

- Advertisements -

Додаде дека многу влади се труделе да изнајдат решение и оти и претходната влада се обидувала да најде решение и добро е што сега е потврден македонскиот идентитет.

– Знаете дека ги поседував разговорите кои сега се кај Специјалното јавно обвинителство. Многу влади се труделе да изнајдат решение и претходната влада се трудела. Дел од решението во делот на името и неговата севкупна употреба или како што се нарекува „ерга омнес“ било прифатено и во делот на Северна и во делот на Горна Македонија и драго ми е што ние добивме потврда на целокупниот наш идентитет – македонскиот јазик која што беше важна цел поставена на преговарачкиот тим, рече Заев.

Поврзани новости