Заев и Пендаровски им се јавија на фудбалерите за поддршка, порака им испрати и Мицкоски

by fokus

Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски во текот на денот им се јавија на фудбалерите од македонската репрезентација и им посакаа успех на натпреварот со Грузија. Победа на овој натпревар ја носи репрезентацијата на Европско првенство.

-Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа. #ОдимеНаПобеда #EURO2020, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил и објави видео од разговорот со фудбалерите.

-Ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје, порача Пендаровски.

Порака им испрати и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Натпреварот веќе почна.

Поврзани новости