Заев и Мицкоски вечерва на иста маса

by fokus 22:20
22:20

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се поздравија и поседоа на иста маса, заедно со британскиот амбасадор Чарлс Гарет на приемот организиран од Амбасадата на Велика Британија во Скопје, по повод роденденот на кралицата Елизабета Втора, објави порталот Сакам да кажам.

На масата на која беше Заев, заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери и дел од министрите, дојде Мицкоски, а им се придружи на амбасадорот Гарет. Заев се поздрави со Мицкоски, кој беше во придружба на сопартиецот Александар Николоски.

 

Поврзани новости