Заев и министрите денеска ќе одговараат на пратенички прашања

by Fokus

Владата и министрите денеска на пленарна седница во Собранието ќе одговараат на прашања поставени од пратеници.

Ваква седница е прва за новиот владин состав и на неа единствена точка на дневен ред се пратенички прашања.

Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.

Поврзани новости