Заев: И јас како обвинет во „Поткуп“ барам правда од судовите

by fokus

Никој, кој и да е – не смее да биде привилегиран. И никој не смее да биде изземен од одговорност, истакна премиерот, Зоран Заев, на денешниот настан „Корупција – непосредна закана за човековите права“, организиран по повод Денот на човековите права.

Тој порача дека институциите се надлежни да ги истражуваат индициите за корупција, а функционерите се должни да одговараат.

-Еве и јас како премиер, со својот личен пример, обвинет во предметот „Поткуп“, сакам да добијам правда низ транспарентен судски процес и сакам докажам дека почитувањето на институциите од страна на граѓаните е исто така предуслов да се справиме со корупцијата. Се разбира, останува принципот на пресумпција на невиноста, исто така како важно човеково право, сè додека спротивното не се докаже во чесна и фер судска постапка – рече тој.

На новинарското прашање за виде снимката која ќе се користи како доказ во судската постапка во предметот „Поткуп“, Заев рече дека сака целата снимка да биде јавно објавена.

-Тоа е мојата главна теза од самиот почеток, за да може натранспарентен начин јавноста да согледа што е во суштина самиотслучај.Јас ќе ја докажам мојата невиност на суд, затоа што не постои поткуп, не постои барање на пари, но сакам да одам и понатаму.Образот поважен од правичноста на постапката.Јас сум политичар кој што има намера да се занимава и понатамусо политика. Важен е мојот образ. Верувам дека судот восоодветна постапка ќе одлучи да ја објави целата снимка на увидна јавноста за конечно граѓаните видат кои се деталите од самиот разговор – додаде тој.

Во својот говор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Заев порача дека државите и институциите се главни носители на обврските за човекови права, а дека корупцијата извршена од лица кои работат во јавниот сектор, од лица кои треба да бидат застапници, заштитници и спроведувачи на човековите права, е најтежок вид на корупција.

-Силно се противам на феноменот што предизвика создавање на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани, и мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив. Тоа е директно во спротивност со основните човекови права, кои се однесуваат на секого и во секое време. Се разбира, во едно општество во кое има доволно политички еманципирани и правдољубиви граѓани, таквиот коруптивен политички концепт дојде во судир, во конфликт со концептот на една прогресивна заедница – додаде премиерот.

Поврзани новости