Заев и Јанева пристигнаa во судот, треба да стартува случајот „Пуч“

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и специјалната обвинителка Катица Јанева предмалку пристигнаа во Основниот суд Скопје 1 каде што треба да се одржи главната расправа за случајот „Пуч“.

Се уште е неизвесно дали ова судско рочиште ќе се одржи, бидејќи минатиот пат се одложи поради болест на поротник, а специјалната обвинителка и Заев обвинија дека случајот намерно се одолговлекува.

На судот се очекува да се појави и поранешниот премиер Никола Груевски, кого обвинителката Јанева го повикала за сведок.

Во предметот „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Верушевски, поранешен прв човек на ДБК, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и струмичанецот Бранко Палифров. Но, сега наместо обвинителот Златко Биковски, од Обвинителството за организиран криминал, обвинението го застапува специјалната обвинителка Јанева.

Поради видно изменетата состојба, се очекува новиот обвинител да постави и нови правила на игра, односно се очекува да искористи една од правните можности кои му се на располагање, да го повлече обвинението и да поднесе ново или да го редизејнира постоечкото, поточно за дел од обвинетите да го повлече обвинението, а на нивно место да гони нови обвинети. Токму втората варијанта е очекувана за правниците кои ги консултиравме. Тие појаснуваат дека очекувано е на обвинителна клупа наместо сега обвинетите да седнат функционери од власта, кои ќе го понесат товарот дека го организирале и реализирале неовластеното прислушување.

В.В.

Поврзани новости