Заев и Груевски синоќа кај Иванов се договориле да продолжат да разговараат

by fokus

Од кабинетот на претседателот, Ѓорѓе Иванов, информираат дека на вчерашната средба помеѓу премиерот, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, било разговарано за актуелната состојба. Двајцата лидери синоќа непланирано седнаа на маса на покана на претседателот, по полициската акција во која беа уапсени триесетина лица за нивната инволвираност во упадот во Собранието.

Од кабинетот на Иванов велат дека Заев и Груевски се согласите разговорите да продолжат и во иднина.

„Тема на разговор беа актуелните случувања. Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија“, додаваат од таму.

Поврзани новости