Заев: И ДУИ да ја повлече уцената, ако имаме други опции, ќе ги искористиме

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека ДУИ со барањето Албанец премиер испратила уценувачка порака.

-Во време кога јас бев мандатар Талат Џафери стана претседател на Собранието. Меѓутоа тој имаше искуство. И се покажа како прилично добар претседател на Собранието. Значи не ги изневеривме очекувањата на граѓаните. Но, не треба вака со уцени како за Албанец премиер. Тие јасно испорачаа уценувачка порака. И да ја повлечат таа уцена, ние ако имаме други опции, ќе ги искористиме. Мојата желба е ДУИ да оди во опозиција. За државата, рече Заев.

Поврзани новости