Заев и Димитров на заеднички ручек во Струмица

by fokus

По шпекулациите дека се нарушени односите меѓу премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, тие денеска со заедничка фотографија ја демантираа оваа информација.

Во придружба на своите сопруги, Заев и Димитров беа на заеднички ручек во Струмица.

Заев објави неколку фотографии со коментар „На иста линија“.

Истите фотографии на социјалната мрежа фејсбук ги објави и министерот Димитров со коментар: „Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно!“

 

 

Поврзани новости