Заев и Димитров на средба со Иванов, ќе се обидат да му кажат зошто договорот е добар за Македонија

by fokus

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов, кому ќе му го презентираат постигнатиот договор за спорот со името.

На средбата, Заев и Димитров ќе се обидат да му објаснат на Иванов зошто Република Северна Македонија е најдоброто можно решение и што добива Македонија со истиот.

Инаку, пред постигнувањето на договорот, од кабинетот на Иванов испратија остро соопштение со акцент на преговорите, а со чија содржина може да се види дека тој ќе се противи на потпишувањето евентуалното изгласување на договорот во Собранието.

Поврзани новости