Заев и Борисов добија ордени од МПЦ-ОА

by Fokus

Митрополитот Струмички Наум денеска во манастирот Водоча им врачи ордени на македонскиот и на бугарскиот премиер Зоран Заев и Борко Борисов.

Орденот, Столен медал од прв ред, од редот на Светиот Македонски Крст, им се доделува за особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Заев и Борисов одржаа средба во четири очи во манастирот во Водоча каде беа пречекани од владиката Наум и од други владици на МПЦ- Охридска Архиепископија.

Поврзани новости