Заев и Ахмети имаа средба во Тетово, не открија детали

by fokus

Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети денеска во 18 часот остварија средба во Тетово.

По средбата не открија многу детали, освен дека разговарале за фер, демократски и кристално чисти избори в недела, исто како што биле во првиот круг. Заев и Ахмети не одговорија дали на маса се најдоа и односите со третиот владин партнер, Зијадин Села. Заев само кусо порача дека локалните избори се различни од парламентарните, но дека села за својата коалиција ќе одговара пред гласачите.

На средбата беше и кандитката за градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, како и пратениците Артан Груби и Џеват Адеми и шефовите на изборните штабови на ДУИ и СДСМ, Фатмир Бесими и Миле Зечевиќ.

Поврзани новости