Заев: Груевски зошто бегаш од дуел?

by fokus

Сакам од овде од Гевгелија, од југот на нашата убава Македонија да му испратам уште една покана за дуел за дебата. Прифати Никола како економист со економист, да разговараме за економија, да разговараме за младите, да разговараме за образование и за здравство, да разговараме за тоа што го интересира нашиот народ, повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа од Гевгелија.

-Зошто бегаш, од што се криеш? Зошто? Срам ти е, се плашиш? Па кажи оти се плашиш, барем да тераме кампања и да престанеме да те викаме. Прифати дуел оти тоа им го должиш на граѓаните кои те издржаа десет години, му порача Заев на Груевски.

Поврзани новости