Заев: Груевски за криминал се одговара, не сме во Северна Кореја

by Фокус 10:26
10:26

Му порачувам на премиерот Никола Груевски дека за криминал се одговара и конечно да ги тргне неговите валкани раце од нашата Македонија, рече лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на митингот пред кумановчани. Тој истакна дека аферата „Македонска Банка“ не смее да остане неказнето и дека игрите со кеш мора да прекинат.

– Сите знаат дека основоположникот и креаторот на криминалната мрежа, која што ја исцица душата на оваа наша Македонија е Никола Груевски. Овие денови тоа и го покажавме на цела македонска јавност. Ако некој имаше дилеми, сега виде до каде е забегана оваа власт. Под превезот на патриотизмот, колку штета и има нанесено на нашата земја. Ние не сме Северна Кореја, ние не сме во Азија, во Јужна Америка или во Африка. Ние сме на европскиот континент. Ние сме земја со кандидатски статус. Овде важат регулативите на Европската Унија – истакна Заев.

- Advertising -

Поврзани новости