Заев: Груевски веќе не може да биде премиер на Македонија

by Фокус 08:20
08:20

Ви носам еден абер. Груевски веќе не може да биде на власт! Фатен е во криминал и пораката ќе стигне до сите граѓани во Македонија. Ние сме земја кандидат членка на ЕУ, одговорност мора да има, рече вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев пред граѓаните во Македонски брод.

– Јас сум бил земјоделец, маките на народот ги знам. Знам колку е важно за еден млад човек да има сигурна работа, да може да формира семејство, да биде среќен. Нашата цел е токму таа. Луѓето да се чувствуваат сигурни и слободни и да можат да ја планираат својата иднина, но тука во Македонија, порача Заев.

- Advertisements -

Тој апелираше до граѓаните на Македонски Брод, на 27-ми април уште помасовно да излезат на гласање, зошто, според него, само заедно може да се стави крај на самоволието на власта.

Поврзани новости