Заев: Груевски не е подготвен да излезе на фер избори

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од партиска делегација на СДСМ денеска се сретна со германскиот пратеник и член на на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ.

Како што соопштија од СДСМ, на средбата било разговарано за актуелната политичка ситуација во Македонија и излезните решенија од политичката криза, а било констатирано дека во Македонија се владее преку политики што не се во согласност со демократските вредности, што се одразува штетно врз животот на граѓаните.

-Македонија повеќе изборни циклуси наназад е заложник на криминални избори што ги спроведувала актуелната власт. Уште едни такви избори нема да има. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да излезат на фер избори, тие бегаат и се плашат од фер избори и затоа свесно го одолжуваат процесот на изнаоѓање решенија за кризата, изјави Заев.

Поврзани новости