Заев: Груевски ја диктира целата вистина за смртта на Мартин Нешковски, ги прикрива главните докази

by Фокус 14:06
14:06

Во последниот сет разговори, што ги објави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев може да се слушне разговор меѓу премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска кои ја договараат последната стратегија како да го покријат убиството на 21-годишното момче Мартин Нешкоски.

Според Заев, во целиот случај не е вмешана само министерката Јанкулоска, шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, портпаролот на МВР, Иво Котевски, туку лично Груевски. Лидерот на СДСМ тврди дека лично премиерот е вмешан во целата ситуација и бара начин како побрзо да се заташка целиот случај.

- Advertisements -

– Наместо Груевски како нормален човек да побара случајот да се разреши, тој бара начин како да си ја спаси кожата, не водејќи грижа за смртта на младото момче. Тие се обидоа да си ја спасат кожата, ама мие тоа нема да им го дозволиме. Груевски на душа ја носи целата вистина за смртта на Мартин Нешковски – истакна Заев.

Според објавените аудио -снимки, премиерот Груевски вели дека ситуацијата не смее да излезе од контрола и дека во јавноста мора да излезат информации дека специјалецот Игор Спасов не е член на неговото обезбедување и дека тој таму дејствувал приватно, а не службено.

Поврзани новости