Заев: Груевски излези на дуел, да позборуваме за кешот на фамилијата!

by Фокус 10:12
10:12

– Го повикувам од секој наш голем град на дуел, осум години е на власт ја владее Македонија од секој аспект. Сите информации ги има кај себе, цела контрола ја има во државата, нека дојде „со ова мало човече“, па да споредиме економски факти, средна класа со „панамска Македонија“ да научи некоја лекција по економија, економистот со прво вработување за министер за трговија. Да му покажам што значи кеш во фамилијата негова и што значат сиве овие офшрт компании, кои што ни ја испљачкаа Македонија, рече Заев.

Лидерот на СДСМ му порача на премиерот, освен за дуелот, да биде и храбар да се повлече од листата за пратеник, бидејќи на тој начин ќе го изгуби имунитетот и ќе одговара, како што рече, за криминалите кои ги имаат направено тој и фамилијата.

Заев одговори и на прозивките на Груевски, кој бараше од него да си поднесе отставка од градочалничката функција, доколку бил сигурен во победата на парламентарните избори.

- Advertising -

-Токму тој ќе биде првиот кој ќе ја види оставката на Заев од градоначалничката фукција пред примпредавањето на  премиерската функција, истакна Заев.

 

Поврзани новости