Заев: Груевски е фатен на дело

by Фокус 08:54
08:54

Груевски е фатен на дело, се покажа кој е креаторот на огромниот грабеж, на огромната „пљачка“ на Македонија и нејзиниот народ, изјави вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев на средбата со граѓани во Кочани.

– Кажавме и покажавме кој е креатор на оваа огромна „пљачка“. Почна со „Македонска Банка“, шемата се прошири преку „Окта“ и „Телеком“. Продолжи да расте со офшор-компании кои се влезени секаде во Македонија. Се’ контолираат. Но, нема никој од надвор да дојде да и помогне на оваа наша земја. Затоа мораме ние заедно да го направиме тоа. Македонскиот народ ќе се избори за слобода, демократија и подобар живот на сите во Македонија – рече Заев.

Заев им се обрати и на гласачите Aлбанци, но и на политичарите.

- Advertising -

– Ова е заедничка земја. Бев и во места каде доминантно живее албанско население. Велат соживот има, живот нема. Се жалат на истите пробеми. Сиромаштија, крпење ден за ден. Сиромаштијата не бира националност, верска припадност, таа е иста за сите. Затоа дозволете им на луѓето да гласаат како што чувствуваат и да изберат промени кои ќе им го подобрат животот – рече Заев.

На митингот се обрати и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

– 330.000 гласови се солидни, но не се доволни. Затоа во вториот круг таа бројка да ја дуплираме, да ја направиме 500.00 гласови. На 27-ми заокружете 3 и заокружете 1 – рече Пендаровски.

Поврзани новости