Заев: Груевски да замине, само така ќе и помогне на Македонија

by Фокус 09:08
09:08

Груевски нека ја спаси и нека ја прероди нашата земја со своето заминување од премиерската функција. Тој креира лажен свет во кој владее лажна политика. Да им кажеме стоп на лагите и масовно в недела да му кажеме збогум на премиерот и на неговите криминали кои ја исцедија државата, изјави вчера Зоран Заев пред граѓаните од струмичко.

– Додека партијата на власт троши втроглави суми од 1,6 милиони евра за станови и за куќи на партијата, вашиот тутун скапува во вашите домови. СДСМ се борела и секогаш ќе се бори за фер и правично општество во кое сите граѓани на Македонија имаат фер и еднакви шанси – објасни лидерот на СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости