Заев: Градоначалниците на ВМРО создадоа огромни имоти

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, обвини дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребиле власта за пари.

– Создадоа огромни имоти за сметка на сиромашниот народ. Сега немаат што да понудат и водат негативни кампањи кон нашите кандидати. Но, ние се фокусираме на нашите кандидати. Јас имам искуство како градоначалник и знам колку се важни перспективите за граѓаните и општината и сметам дека сега е време за промени кои ќе го донесат животот за сите – рече Заев во рамки на отворената дебата во Прилеп.

Тој додаде дека централната власт има намера да продолжи со децентрализацијата на власта во повеќе сегменти, а Прилеп, како што рече, по долго време заслужува промени и подобар живот.

-Ќе ги децентрализираме здравствените домови, центрите за социјални работи, капиталните инвестиции во социјалната заштита, во образованието. Се надевам дека граѓаните мудро ќе носат одлуки, а Прилеп, по толку време, заслужува промени и на тој начин ќе ги отвориме перспективите за овој важен регион во Македонија – истакна лидерот на СДСМ.

Поврзани новости