Заев: Груевски, дали лично си земал 1.500.000 евра во кеш?

by Фокус 14:31
14:31

Господине Груевски,  јас  те повикувам на македонската јавност, ти лично да ѝ одговориш, дали  како претседател на ВМРО-ДПМНЕ си земал пари во кеш во износ од 1.500.000 евра или повеќе од 92.000.000 денари? Со овие зборови лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на денешната прес – конференција му се обрати на лидерот на „вмровците“.

Тој тврди дека Груевски е таткото на криминалите во Македонија поради кои страда народот. Според него, сите финансиски афери водеа кон врвот на власта, кон најблиските луѓе на премиерот, но пропагандната машинерија секогаш успевала да го држи него надвор од приказните.

- Advertisements -

–  Дали ти како македонски патриот, овие пари, 1.500.000 евра или 92.000.000 денари, си ги земал од познат бизнисмен? Дали Груевски, тебе ти е државата пред сѐ? Ако ти е пред сѐ, зошто си ја оштетил државата 225.000 евра, четврт милион евра, или повеќе од 14.000.000 денари за неплатен данок ? Дали си ти прататкото на оф-шор мрежите, оф-шор компаниите преку кои се изнесува капиталот на македонските граѓани, а се внесува како капитал на фамилијата? Дали со овие пари купуваш гласови? – праша денеска Заев.

Тој истакна дека денеска го отвора најголемиот предизвик пред институциите на државата, со што им ја дава ексклузивната можност да докажат дека Македонија е правна држава. Исто така, побара од Груевски да излезе и јавно да каже од кој бизнисмен земал кеш, бидејќи неговите блиски соработници во криминалот не спијат веќе подолго време.

Поврзани новости