Заев го прекина протестот на скопските клиники

by Fokus

Лекарите и медицинскиот персонал го прекинуваат протестот на скопските клиники поради најавеното поскaпување на паркингот затоа што премиерот Зоран Заев им закажа средба за десетина дена.

– Нивните барања ги остваруваме. Ова сега е второ зголемување, 10 проценти за лекари и 5 проценти за сестри, болничари, а во следниот септември ќе има друго зголемување. Со тоа ќе стигнеме просек од 90.000 денари вкупен приход на специјалистите од нето плата и дежурства, иако има случаи во терциерното здравство каде специјалисти земаат и 140 000, 150 000 плата и ако ги споредиме со платите во Германија, сме направиле сериозен исчекор – истакна Заев.

Поврзани новости