Заев го предизвика Груевски на дуел

by Фокус 12:32
12:32

Ако некој сѐ уште мисли дека не може да има промени во Македонија, нека ги праша жителите на Центар. Три круга издржаа против власта на Никола Груевски. Овојпат така ќе биде во цела Македонија. Стево Пендаровски ќе ја најави големата и убедлива победа на опозицијата во Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, на вчерашниот митинг на скопскиот плоштад Пела.

Тој рече дека вечерта на 27 април, на вториот круг од претседателските и на парламентарните избори, Македонија ќе слави што повторно ќе има претседател и нова влада.

– Македонија ќе слави слобода, слобода, слобода! – изјави првиот социјалдемократ.

- Advertising -

Заев ги коментираше и ветувањата на премиерот Никола Груевски за нови над 2.000 проекти.

– Ги видовме ефектите од сите нивни проекти, го видовме нивниот конечен проект да ја претворат Македонија во филијала на нивните офшор-компании. Сѐ да приграбат, сѐ да контролираат. Да станат газди на сѐ во државава, вклучително и на животите на луѓето. Не само што нема да го дозволиме тоа, ви ветувам од ова место – ќе вратат сѐ што изнесоа од Македонија по Панама, Швајцарија, Чешка и каде уште не. Има да му вратат на народот сѐ што му украдоа.

Заев ги коментираше и обвинувањата на Груевски оти избегал од дуел со тоа што не е носител на пратеничка листа.

– Јас сум идниот премиер на Македонија, а сите знаат дека Груевски избега на пратеничката листа заради имунитет. Ајде да видиме кој бега. Го повикувам Никола Груевски на дуел. Прифати го дуелот Никола Груевски за да ги ставиме на маса концептите на Македонија со средна класа и за Панамска Македонија – порача Заев.

Поврзани новости