Заев го посети Идризово: Срам ми е што сум премиер на држава со ваков затвор

by fokus

Овде нема минимум хумани услови за издржување на казна, изјави премиерот Зоран Заев, по денешната посета на затворот Идризово заедно со народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Уранија Пировска

Заев изрази разочарување од условите во затворот и рече дека го поддржува законот за амнестија.

-Срам ми е што сум премиер на држава со ваков затвор. Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и собраниска процедура. Во „Идризово“ се 1.800 затвореници, а капацитетот е за 800 луѓе – изјави тој.

Фото: ТВ21

Поврзани новости