Заев го поддржува разрешувањето на Димова: Има доволно етички причини

by fokus

Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе го поддржи предлогот за разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Предлогот за нејзино симнување од функцијата доаѓа од вицепремиерот Љупчо Николовски, задолжен за борба против корупција. Заев денеска изјави дека има доволно аргументи за Димова да биде разрешена од етички причини.

-Јас тој предлог ќе го прифатам, ќе дадеме сугестии доколку владата се согласи до управниот одбор да постапи заради етичкиот дел, другиот дел е нешто кое го работат други институции, ние не сме надлежни, а тоа е за евентуална кривична одговорнот за незаконско работење, но не би навлегол во тој дел. Овде имаме доволен етички дел каде што треба да се понесе одговорноста и се согласувам дека владата треба да реагира за ваквите прашања. Не случајно вие новинарите и сите сте будни, не повеќе за тоа дали требало да се финансира едукација на фризери или поддршка на школи, не. Односот према вас новинарите не е доволно отчетен, не е рамноправен, рече Заев.

Постапката следува откако во јавноста се објавија извештаи за тоа како се делеле пари за образовни проекти преку агенцијата.

Поврзани новости