Заев го обелодени составот на новата влада

by fokus 21:09
21:09

  Мандатарот Зоран Заев, вечерва по седницата на Централниот одбор на СДСМ  го соопшти предлогот за состав на новата влада, кој како што рече, треба да биде прифатен и од Собранието.

Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места. Централниот одбор на СДСМ, вечерва на лидерот и новиот мандатар, му даде „зелено“ светло до Собранието да ги предложи следните министри:

- Advertisements -

Радмила Шекеринска – одбрана

Оливер Спасовски – внатрешни работи

Никола Димитров – надворешни работи

Драган Тевдовски – финансии

Рената Десковска – образование

Горан Сугаревски – транспорт и врски

Љупчо Николовски – земјоделство

Мила Царовска – труд и социјална политика

Дамјан Манчевски – информатичко општество и администрација

Роберт Алаѓозовски – култура

Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања

Едмонд Адеми – без ресор

Роберт Поповски – без ресор

Зорица Апостоловска – без ресор

Зоран Шапуриќ – без ресор

Самка Ибраимовски – без ресор

Аднан Ќахил – без ресор 

Заев додаде дека во најбрз можен рок до Собранието ќе го прати составот на идната Влада, а до СЈО ќе прати писмо за проверка дали некој од кандидатите се под истрага. Кога ОЈО ќе стане вистинска  институција, ќе се консултираат и со нив, додаде Заев.

 

Поврзани новости