Заев го нарече Пендаровски „не толку искусен политичар“, претседателот без коментар

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во интервјуто на БГНЕС го нарече претседадателот Стево Пендаровски неискусен политичар, коментирајќи ја неговата изјава за „живковистичка Бугарија“.

-Верувајте ми, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Тој не е толку искусен политичар како Зоран Заев, бидејќи пред тоа работеше за Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, тој беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозна јавна личност и е целосно посветен на пријателството со нашите соседи и Република Бугарија, и секако, на интеграцијата во НАТО и ЕУ – рече Заев.

Од кабинетот на Пендаровски за Гласот на Америка изјавиле дека тој нема да ги коментира ставовите на Заев изнесени во интервјуто, каде, меѓу останатото, премиерот истакна дека Бугарија не е фашистичка држава, а периодот во Втората светска војна не го нарече окупација, туку администрирање.

-Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел – кажа Заев.

Поврзани новости