Заев: Главната пречка за договор е користењето на „бомбите“ како докази

by Фокус

Најгорливо прашање е дали бомбите ќе се користат како доказ или не, a не дали да се отвораат случаи и по 30 јуни 2017, изјави премиерот Зоран Заев во пресрет на вечерашната средба со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

– Уставот и кривичниот законик велат дека кривично дело за кое постојат индиции или аргументи не може да не се гони, ако не го гони СЈО ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем и нема тука дали Заев, Мицкоски нешто сакаат или не, прашањето е дали бомбите ќе се користат како докази, оти тие се индиции. Ако сакаме и ако сме одговорни, ќе најдеме решение. Било кој ако сака да ги уништи предметите, да ги одложи или било како да им наштети ќе изгуби политички. Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги уништи, така што ќе најдеме формулации – вели Заев.

Тој нема против да се користат нелегално прислушувани материјали и по 2015 година, односно, како што вели, се што може да биде индиција за криминал.

Поврзани новости